Македонија

„Убијци за профит“: Почна протестот поради скандалот на Онкологија

04.09.2023 18:40

Организаторите велат дека скандалот со кражбата на лекови на Онкологија и нивна продажба на црниот пазар на Косово не смее да помине неказнето...

Со транспаренти „Убијци за профит“, „Колку вреди човечкиот живот“, „Ова не се пере“, „Доста е!“... пред Владата почна протестот на граѓаните кои го изразуваат својот револт во врска со случувањата на Клиниката за онкологија.

Организаторите велат дека скандалот со кражбата на лекови на Онкологија и нивна продажба на црниот пазар на Косово не смее да помине неказнето. Според најавите, протестот ќе продолжи пред Основното јавно обвинителство.

Додаваат дека овој криминал траел со години. Пред зградата на Основното јавно обвинителство ќе повикаат на одговорност на сите министри за здравство.

Актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити на прес-конференција денеска посочи дека изминативе шест месеци будно ја следи работата на клиниката и побара итно да се расчисти случајот. Директорката Клисаровска вели дека иако слушнала дека се прават незаконски работи, немала докази.

Со судска наредба, минатиот петок беа извршени претреси на Клиниката за онкологија и во два приватни станови. Одземени беа компјутери и друга документација што ќе бидат предмет на анализа и вештачење.