Влада

Ковачевски ќе се обрати на Талински дигитален самит 2023 во Естонија

05.09.2023 07:54

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ќе учествува на Талински дигитален самит 2023 во Естонија...

Претседателот на Владата, Ковачевски ќе се обрати на отворањето на Самитот, каде ќе учествуваат лидери на држави, претставници на ЕУ, телекомуникациски и tech компании и граѓански организации. Клучните теми на кои ќе се разговара на Талински дигитален самит 2023 се предизвиците и можностите во дигиталната ера, како и освежување на агендата на демократијата и технологијата, исцртувајќи го патот кон посилна отпорна, респонзивна и отворена иднина. Целта на Самитот е суштински придонес кон глобалниот дискурс околу градењето на отпорни модерни демократии.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, во рамки на учеството на Самитот, предвидено е претседателот на Владата, Ковачевски да оствари билатерална средба со премиерката на Естонија, Каја Калас.