Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надворешна политика и Законодавно правна комисија
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надворешна политика и Законодавно правна комисија...

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надворешна политика и Законодавно правна комисија.
Предлог – законите за ратификација на договорите за соработка во заштита од катастрофи во Западен Балкан и за техничка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Јапонија, се на дневниот ред на седниците на двете собраниски комисии.
Членовите на Комисиите за надворешна политика и Законодавно правната комисија ќе се дискутираат и по Предлог – законите за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро и за изменетата Спогодба за јавни набавки (2012) со Одлуката од Комитетот за јавни набавки на Светската трговска организација за пристапување на Република Северна Македонија кон изменетата Спогодба за јавни набавки (2012).
На агендата на седниците и на двете комисии, за надворешна политика и Законодавно правната комисија, како што е најавено, ќе се расправа и по Предлог на закон за ратификација на шестиот дополнителен Протокол кон Спогодбата за мултинационалните мировни сили на Југоисточна Европа.
