Кина

Тајфунот „Хајкуи“ ослабна до тропска депресија

05.09.2023 09:32

Тајфунот „Хајкуи“ премина во послаба категорија и се води како тропска депресија откако стигна во округот Раопинг, јужна Кина...

Тајфунот „Хајкуи“ премина во послаба категорија и се води како тропска депресија откако стигна во округот Раопинг, јужна Кина.

Рибарските бродови добија наредба да се закотват на пристаниште додека траат дождовите чијшто интензитет се проценува како умерен. Во спасувачките операции исчезнаа петмина припадници на распоредените екипи.

Надојдената вода го однела противпожарното возило во река. Претходно тајфунот Хајкуи мина низ јужен Тајван, но не предизвика голема штета.