Украина

Зеленски во посета на војската во Доњецк

05.09.2023 09:32

Руската противвоздушна одбрана собори украински дронови над Калушка и Москва. Киев, пак, тврди дека силите под негова команда напредуваат во источен и јужен правец...

Руската противвоздушна одбрана собори украински дронови над Калушка и Москва. Киев, пак, тврди дека силите под негова команда напредуваат во источен и јужен правец. Украинскиот претседател во посета на војската во Доњецк. На дел од бранителите им додели награди за храброст и несебични заложби за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

„Многу ми е драго да слушнам од оние што одат директно во борба што недостига, што има доволно и што треба да биде сменето. Се што беше споменато ќе биде тема на средбите на штабот. Особено прашањето за електронското војување“, изјави украинскиот претседател Володомир Зеленски.

На вчерашната средба на рускиот претседател и турскиот лидер, Путин и Ердоган, во Сочи во фокусот договорот за житото, познат како „Црноморска иницијатива“. Москва порача – ќе се вратиме во спогодбата кога Западот ќе ги исполни сите барања.