Четири стипендии за додипломски или постдипломски студии во Индија
23.05.2014 14:36
Понудените четири стипендии ја покриваат целосната школарина за студирање...
Четири стипендии за додипломски или постдипломски студии од различни области на Пенџаб Колеџот за техничко образование во Индија ќе бидат доделени на македонски студенти за академската 2014/2015 година.
Како што соопшти Министерството за образование и наука, стипендиите се за редовни додипломски студии по авијатика, туризам и угостителство, бизнис администрација, компјутерски апликации, трговија, биотехнологија и фармација, како и за постдипломски студии по информациска технологија, компјутерски апликации, менаџмент, бизнис администрација или суперспецијализација по меѓународен бизнис.
Понудените четири стипендии ја покриваат целосната школарина за студирање. На еден од избраните стипендисти целосно ќе му бидат покриени и трошоците за сместување и исхрана, на еден ќе му бидат покриени 75 отсто од овие трошоци, а останатите две стипендии покриваат 50 проценти од трошоците за сместување и исхрана.
Краен рок за пријавување на кандидатите е 1 уни 2014 година.
Подетални информации за условите, критериумите и формуларите за аплицирање може да се добијат на страната на Пенџаб Колеџот за техничко образование www.pcte.edu.in или на порталот за стипендии www.stipendii.mon.gov.mk.
