Истрагата продолжува, реакциите во јавноста не стивнуваат
Од Јавното обвинителство и од МВР не соопштуваат нови детали за случајот „Онкологија“...

Од Јавното обвинителство и од МВР не соопштуваат нови детали за случајот „Онкологија“.
Повторија дека во предистрага, сè уште ги испитуваат наводите за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на клиниката за онкологија.
Реакциите во јавноста не стивнуваат. Сите бараат одговорност. На синоќешниот протест пред Владата и пред Обвинителството, граѓаните го изразија својот револт за случувањата на Клиниката за онкологија. Со транспаренти, но и емотивни сведоштва побараа овој случај да не помине неказнето.
Нов протест најавен за идниот понеделник. Меџити и директорката на Клиниката за онкологија очекуваат брза реакција од надлежните за скандалот со лековите. Тврдат дека пациентите ја примаат пропишаната терапија.
