Свет

Еден загинат и еден исчезнат во поплавите во грчкиот град Волос

05.09.2023 11:48

Предупредувања низ повеќе делови од Грција поради невремето „Даниел“. Критично е и во Хрватска...

Предупредувања низ повеќе делови од Грција поради невремето „Даниел“. Најкритично е во Волос. Едно лице го загуби животот, уште едно се води за исчезнато во поплавите. Издадена е и забрана за сообраќај.

Метеоролозите најавуваат врнежи и невреме во Епир, на Јонските Острови, Пелопонез, Тесалија и на Евија. Драматично и во Хрватска. Црвено предупредување за подрачјето на Велебит и Биоково. Поради силниот ветер, на дел од Јадранската магистрала е забранет сообраќајот за двокатни автобуси, возила со камп-приколки и мотоцикли.