Живот на пензионерски начин
Пензионерите, особено со најниските примања преживуваат и тешко врзуваат почеток и крај на месецот. Трошоците трипати поголеми од пензиите. Како до достоинствен живот во третото доба?

Прилепчанецот Славољуб Јанкоски е со 10-годишен пензионерски стаж и пензија од 13-тина илјади денари. Го сретнавме во центарот на градот, брзаше по резултатите од лабораториските анализи. Треба да се платат 7.000 денари за лекарствата на сопругата-дијабетичар, за него 3.000. А, како за сметките и за храната? Ако не е синот, вели, ништо и од преживувањето. Страв го фаќа од поскапувањата и грејната сезона.
Еден месец македонските пензионери од сите поголеми градови протестираат и бараат линеарно зголемување од 3.500 денари, промена на методологијата за пресметки на пензиите, достоинствен живот а не преживување.
Пензионерите ги продолжуваат протестите и бараат ефекти.
Елизабета Митреска
