тетово
Роднините на загинатите во тетовската модуларна болница најавија протест за в петок
05.09.2023 14:04
Тие најавија дека собирот ќе почне кај модуларната болница...

Во петок на 8-ми септември се навршуваат две години од стравичниот пожар во тетовската модуларна болница во кој загинаа 14 луѓе. Роднините на загинатите денеска во СВР Тетово пријавија дека на двегодишнината од пожарот ќе организирааат марш и јавен протест со барање да има ново обвинение.
Најавија дека собирот ќе почне кај модуларната болница. Бараат правда за своите најблиски и ги повикаа граѓаните да им се приклучат на собирот.
