Руско-украински конфликт

Нов руски напад со беспилотни летала во Украина

05.09.2023 14:34

Руската армија изведе масовен напад со беспилотни летала во Украина. Целта биле пристаништата на југот. Киев тврди дека украинските сили напредуваат во источен и јужен правец. Украинскиот претседател во посета на војската во Доњецк. Шојгу тврди дека Украина изгубила повеќе од 60.000 војници и над 7.600 парчиња опрема од почетокот на контраофанзивата во јуни...

Руската армија изведе масовен напад со беспилотни летала во Украина. Целта биле пристаништата на југот на земјата низ кои минува украинското жито.

„Овие бомбашки напади се многу силни. Синоќа, за време на експлозиите, се тресеше кабината на камионот“, рече возач на камион.

„Застрашувачки е, ги поминуваме ноќите во подруми и вака е со секој нов аларм.“

Блокадата на Путин во Црното Море го суспендира договорот за жито што и овозможи на Украина да извезува од нејзините три главни пристаништа.

Киев тврди дека украинските сили напредуваат во источен и јужен правец. Украинскиот претседател во посета на војската во Доњецк.

„Многу ми е драго да слушнам од оние што одат директно во борба што недостига, што има доволно и што треба да биде сменето. Се што беше споменато ќе биде тема на средбите на штабот. Особено прашањето за електронското војување“, изјави украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Русија пак смета дека регионот Запорожје станал фокус на борбите. Рече дека Украина ги ангажирала своите резервни бригади обучени на запад.

„Киевскиот режим, и покрај колосалните загуби, веќе три месеци се обидува да спроведе таканаречена контраофанзива. Украинските вооружени сили не ги постигнаа своите цели во ниту една од насоките. Украинското раководство очајно се обидува да добие поголема воена и економска помош, што само би го продолжило конфликтот“, изјави Сергеј Шојгу, министер за одбрана на Русија.

Шојгу тврди дека Украина изгубила повеќе од 60.000 војници и над 7.600 парчиња опрема од почетокот на контраофанзивата во јуни.

 

Марина Ристова