Нова пленарка, веќе познати позиции
Прва пленарка по годишните одмори. На дневен ред и декларацијата на СДСМ за Илинден. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бара продолжение на седницата за Предлогот за измена на Уставот и да се гласа. Спикерот Џафери вели-не може да се продолжи завршена седница. Во процедурална забелешка и случајот „Онкологија“ …

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бараат собранискиот спикер Џафери да ја продолжи 123-та седница за уставните измени. Дафина Стојаноска рече дека не треба да се одолговлекува процедурата и треба да се гласа. Се повика на Деловникот во кој како што рече за промена на Уставот предвидени се 10 работни дена од почнување на седницата.
Претседателот на Собранието со познатиот став-може но не мора пленарката да биде закажана. Џафери рече дека кога ќе бидат исполнети условите ќе се гласа за уставните измени.
Апасиев од Левица посочи дека промената на Уставот е регулирана со посебни одредби, кои мораат да се почитуваат независно од ничија волја.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа и формирање на анкетна комисија за случајот „Онкологија“. Поддршка добија и од независниот пратеник Скендер Реџепи.
На дневен ред и Декларацијата за Илинден, за која предлагачите, пратениците од СДСМ очекуваат поддршка и од опозицијата.
Марина Стојанова-Тонева
