8-ми Септември

Денот на независноста неработен ден за сите граѓани

05.09.2023 15:37

8-ми Септември 2023-та година (петок), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија...

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 8-ми Септември 2023-та година (петок), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Северна Македонија им го честита Денот на независноста.