Антиќ на чекор до втората дебитантска постава на сезоната
Во периодот кога се бијат решавачките битки во конференциските финалиња во НБА, најпознатите спортски репортери и коментатори ја ги бираа најдобрите кошаркари кои дебитираа минатата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот. Според гласањето на 125 американски колеги првиот Македонец во НБА собра 62 поени со кои котира на 12 место на Топ 50 рангирањето, со само 3 помалку од кошаркарот на Оклахома, Стивен Адамс кој ја затвори втората најдобра петорка.

Во идеалната постава со најмногу гласови е Мајкл Картер – Вилијамс од Филаделфија со 250 поени. Веднаш зад него е играчот на Орландо Виктор Оладипо со 248, а во идеалната постава се и Треј Бурк од Јута со 230, Мејсон Пламли од Бруклин со 210 и Тим Хардавеј јуниор од Њујорк со 2014 поени. Вториот тим го сочинуваат Кели Олиник од Бостон, Јанис Антетокунмпо од Милвоки, Џорџ Диенг од Минесота, Коди Зелер од Шарлот, и Стивен Адамс од Оклахома.