Анкетна комисија за скандалот на Онкологија
По реакциите и вчерашниот протест, дебатата за скандалот на Онкологија се префрли во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ побара, мнозинството прифати анкетна комисија. Ќе се утврдува одговорност за политичките и здравствените функционери за состојбата на Клиниката…

Анкетна комисија ќе го разгледува скандалот со Онкологија. Пратениците го прифатија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се формира комисија за утврдување на одговорност на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Комисијата најдоцна по еден месец од завршувањето на работата ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за анкетната комисија добија поддршка и од независниот пратеник Скендер Реџепи.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ реагираше што предлогот за разгледување на конечниот извештај за извршената ревизија за работењето на Клиниката за онкологија за 2022-ра година е ставена на дури 22-ро место на седницата, наместо меѓу првите.
Ирина Гелевска
