Здравство

Хемотерапиите не резултираат со исти ефекти

05.09.2023 16:47

„Не секоја хемотерапија дава исти нус-појави кај пациентите“- вели за МТВ д-р Душанка Николова. Лекувањето зависи од тоа во која фаза е откриен канцерот...

Не секоја хемотерапија дава исти нус појави кај онколошките пациенти, вели за МТВ д-р Николова. Според неа пациентите коишто добиле терапија и немале опаѓање на косата, малаксаност и гадење да не се сомневаат во исправноста на препишаните медикаменти. Бројот на терапиите, вели докторката, кај некои е поголем, а кај некои пациенти помал и зависи во која фаза е откриен канцерот и метастазите. Николова вели и дека бројот на терапиите некогаш е помал и поради коморбидитетите коишто прават дополнителни компликации во процесот на лекување.

Со д-р Николова разговараше Наташа Јанчиќ Менковски