Ковачевски: Северна Македонија и Естонија се НАТО сојузнички, нашиот европски пат е заедничка цел и заложба
Разговаравме за билатерални, но и за мултилатерални прашања бидејќи со Естонија сме држави кои се членки на НАТО. Разговаравме за поддршката која и едната и другата држава ја даваме на Украина во нивната борба за демократија и територијален интегритет, после неоправданата инвазија од страна на Русија, изјави премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски по завршувањето на билатералната средба со естонската премиерка Каја Калас во рамки на Талинскиот дигитален самит 2023, во изјава за неговата посета на Естонија посочи за важноста на дигиталната трансформација за нашиот пат кон ЕУ.
Естонија е една од нашите најпријателски држави особено во делот на поддршката за проширување на ЕУ, со нови земји членки. Разговаравме за билатерални, но и за мултилатерални прашања бидејќи со Естонија сме држави кои се членки на НАТО. Разговаравме за поддршката која и едната и другата држава ја даваме на Украина во нивната борба за демократија и територијален интегритет, после неоправданата инвазија од страна на Русија, изјави премиерот Ковачевски.
Естонија е една од најразвиените држави во делот на дигитализацијата. Секако дека тоа се однесува на голем број на проекти кои се водени кај нас, меѓутоа и оние кои ќе следуваат особено воведувањето на електронска лична карта за граѓаните на Северна Македонија, проект кој е во моментов започнат преку акциски план во МВР и соодветни други институции во државата, нагласи премиерот Ковачевски.
Додаде дека во фаза сме на пристапување кон Центарот за извонредност, за сајбер безбедност кој е практично дел од НАТО и е сместен во Естонија. Многу наскоро ќе ја видиме и Северна Македонија, односно експертите од нашата држава коишто ќе бидат присутни во однос на унапредувањето на сајбер безбедноста на нашите институции, најави премиерот.
