Пожар во Старо Нагоричане, закана за куќи и викендички
Гори нискостеблеста шума, стрништа, сува трева. Ветерот бргу го раширил пожарот по што била изгубена почетната контрола. Зафатена е стара напуштена куќа, како и една плевна, но пожарот се проширил до првите домови во Бељаковце, информираат од Центарот за управување со кризи.

Голем пожар попладнево избувна во село Руѓинце, општина Старо Нагоричане. Неколку екипи од противпожарните единици од Старо Нагоричане, Куманово, Ранковце и Кратово учествуваат во гаснењето, кое е отежнато од ветерот.
Гори нискостеблеста шума, стрништа, сува трева. Ветерот бргу го раширил пожарот по што била изгубена почетната контрола. Зафатена е стара напуштена куќа, како и една плевна, но пожарот се проширил до првите домови во Бељаковце, информираат од Центарот за управување со кризи.
Во гаснењето се вклучени хеликоптер и ЕР трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.
