Компаниите трпат последици од стечајните постапки
Поранешни стечајни судии со забелешки во однос на изрекувањето на времените мерки од судиите во време на кривичната постапка, поради што се блокира стечајната постапка...

Компаниите сеуште трпат последици поради стечајните постапки. Бизнис заедницата задоволна реформата во правната регулатива за застарените стечаи, апелира роковите за тековните и новите стечаи да бидат што пократки. Бараат да се завршуваат постапките во рок од 90 дена.
Поранешни стечајни судии со забелешки во однос на изрекувањето на времените мерки од судиите во време на кривичната постапка, поради што се блокира стечајната постапка.
„Имаме такви случаи во праксата каде е изречена времена мерка од истражниот или кривичниот судија и забрана за продажба на имотот, а се гони органот на управуање“, вели Дејан Костовски, консултант и поранешен стечаен судија.
Академијата за обука на судии и јавни обвинители на иста маса ги седна судии, јавни обвинители, нотари и извршители со бизнисмените.
„Презентирани најновите измени на стечајното законодавство, како и Законот за задолжница и Законот за финансиска дисциплина, кои имаат за цел да обезбедат наплата на побарувањето и да обезбедат постапки и заштита и правна сигурност на граѓаните, изјави Анета Арнаудова“, директор на Академијата на судии и јавни обвинители.
Владата неодамна донесе закон за заклучување на стечаите, со скратени рокови во кои треба да се заврши постапката, да се легализира имотот и да се продаде. Предвиде доколку не може да се продаде да биде распределен на доверителите.
Фиљана Кока
