182-ра владина седница

Mожности за финансиска поддршка на македонски продуценти и дистрибуција на домашни филмови во странство

05.09.2023 17:49

Република Северна Македонија е членка на ЕУРИМАЖ од 2003 година и преку овој фонд се поддржани бројни македонски играни и документарни филмови. А со учеството на нашата држава во оваа програма, продуцентите ќе се стекнат со право директно да ги пријавуваат своите копродукциски проекти како мнозински копродуценти...

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата за потребата од учество на Република Северна Македонија во пилот програмата за копродукција на сериска телевизиска програма на ЕУРИМАЖ и го прифати текстот на Договорот меѓу Советот на Европа и Министерството за култура на Северна Македонија за финансирање на проектот „Поддршка на програмата за телевизиски серии“, соопштуваат од владината прес- служба.

ЕУРИМАЖ, како што е објаснето од предлагачот, Министерството за култура, е фонд за културна поддршка на Советот на Европа, којшто е основан во 1989 година и во којшто членуваат 38 држави од 46 членки на Советот на Европа, вклучително и Kанада. Фондот промовира независно снимање филмови преку обезбедување финансиска поддршка за производство на долгометражен игран, анимиран и документарен филм. Вкупниот годишен буџет на ЕУРИМАЖ за оваа намена изнесува 27 милиони евра.

Република Северна Македонија е членка на ЕУРИМАЖ од 2003 година и преку овој фонд се поддржани бројни македонски играни и документарни филмови. А со учеството на нашата држава во оваа програма, продуцентите ќе се стекнат со право директно да ги пријавуваат своите копродукциски проекти како мнозински копродуценти и во случај проектот да добие поддршка, средствата ќе се уплаќаат директно на македонскиот продуцент. Копродукциите создаваат можност за широка дистрибуција на серијата и прикажување на медиуми во други држави, стои во соопштението од Владата.