Македонија

Османи: Улогата на жените во безбедносните процеси е клучна за демократските општества

05.09.2023 17:53

Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ како еден од клучните приоритети ја постави родовата еднаквост во сите три димензии на ОБСЕ – безбедносната, економската и човековата. Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, од Штуловиот Унивдрзитетот во Тетово, на отворањето на Конференција за родова еднаквост и јакнење на положбата на жените...

Обезбедувањето на услови кои ќе гарантираат дека жените имаат значаен удел во одлучувањето, вклучително и во политичкиот и во безбедносниот сектор, е од исклучителна важност за стабилноста во регионот на ОБСЕ кој се соочува со најсложениот безбедносен предизвик како што е воената агресија на Русија врз Украина.

Токму затоа, Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ како еден од клучните приоритети ја постави родовата еднаквост во сите три димензии на ОБСЕ – безбедносната, економската и човековата. Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, од Штуловиот Унивдрзитетот во Тетово, на отворањето на Конференција за родова еднаквост и јакнење на положбата на жените, организирана во рамки на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година и прва конференција на ОБСЕ за родова еднаквост.

„Основањето на оваа институција во земјата даде можност да се зајакне еден од основните акцелератори за подобрување на улогата на жените и девојките – тоа е пристапот до високото образование, кое служи како основа за нивно поголемо вклучување во општествените и процесите за носење одлуки“, рече Османи.

Воедно, Османи истакна дека ОБСЕ ќе ја продолжи својата теренска работа во насока на понатамошно унапредување на родовата еднаквост и зајакнувањето на положбата на жените со поддршка на земјите-учеснички и институциите на ОБСЕ, а дел од успешните иницијативи ќе бидат претставени и во рамки на Конференцијата.

Конференцијата за родова еднаквост и јакнење на положбата на жените во Тетово ќе трае два дена.