Случај „Онкологија“

Лекарската комора го почитува правото на протест, но ги осудува обидите сите доктори да се стават во ист кош

05.09.2023 18:38

Посочуваат дека ниту еден пациент не смее да биде оставен без терапијата што му следува и во никој случај не смеат да се дозволат манипулации...

По верашниот протест, Лекарската комора со рекација. Велат дека го почитуваат правото на протест на сите граѓани, но истовремено ги осудуваат обидите сите доктори да се стават во ист кош како виновници.

Посочуваат дека ниту еден пациент не смее да биде оставен без терапијата што му следува и во никој случај не смеат да се дозволат манипулации, со цел остварување на материјална корист од страна на поединци.