КСЗД

Тужба против МОН поради недостиг на учебници

05.09.2023 19:13

Во образложението се вели дека одлуката е донесена поради повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици од основното образование, извршена со необезбедување учебници по секој предмет и на сите јазици на кои се изведува наставата во задолжителното деветгодишно образование.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната седница одлучи да поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес против Министерството за образование и наука поради недостигот на учебници во основното образование.

Во образложението се вели дека одлуката е донесена поради повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици од основното образование, извршена со необезбедување учебници по секој предмет и на сите јазици на кои се изведува наставата во задолжителното деветгодишно образование.

Можноста за тужба вчера ја најави членот на Комисијата, Весна Бендевска, која посочи дека доколу донесат таква одлука, тоа би било прв случај да се побара судска заштита како највисока заштита од дискриминација.

Комисијата објави дека од вкупно 126 учебници за сите задолжни и изборни предмети во деветгодишно основно образование, на почетокот од новата учебна година, Министерството не обезбедило 43, односно недостигаат 34 отсто од вкупниот број учебници.