Свет

Првата дама на САД позитивна на Ковид

05.09.2023 20:06

Новото, засега благо, зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во Америка и во делови од Европа, предизвикува вознемиреност пред почетокот на сезоната на настинки и грип.

Белата куќа соопшти дека првата дама Џил Бајден била позитивна на Ковид-19, со благи симптоми. Тестот на претседателот Бајден е негативен.

Новото, засега благо, зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во Америка и во делови од Европа, предизвикува вознемиреност пред почетокот на сезоната на настинки и грип.

Белгиските здравствени власти предупредуваат на опасноста системот да биде оптоварен од потенцијална „тројна епидемија“ на Ковид-19, сезонски грип и настинки.