Анкета: 60% од Македонците сакаат во ЕУ под уставно име

23.05.2014 15:08

Според истражувањето, спроведено во март на 1.600 испитаници околу 60 отсто од испитаниците се за влегување во Унијата, но само под уставното име...

Бројот на Македонците што сакаат нивната земја да стане членка на Европската Унија под уставното име се зголемува, а се намалува бројот на македонските граѓани што безусловно го посакуваат ова членство, покажува анкетата на Институтот за демократија.
 
Според истражувањето, спроведено во март на 1.600 испитаници околу 60 отсто од испитаниците се за влегување во Унијата, но само под уставното име.
 
Пред три години овој процент бил за околу 20 насто понизок. За интеграција и со отстапки за името сега се подготвени 25 отсто од испитаниците.
 
Блокадите за добивањето на датум за преговори по добивањето на препораките за старт на преговорите за членство, е логична тенденција на постојан пад, велат од институтот.