Поставени два нови рекорди на Европското првенство
На Европското првенство кое е во тек, во групата „Ц“ која се игра во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје...

На Европското првенство кое е во тек, во групата „Ц“ која се игра во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, полскиот репрезентативец Вилфредо Леон испиша историја.
Само неколку дена по светскиот рекорд за најсилен и најбрз сервис на неверојатниот холандски репрезентативец Нимир Абдел-Азиз, синоќа на мечот Полска – Данска (3:0), сјајниот Вилфредо Леон постави нов. Сервираше со 138 км/ч што е незабележано во светската и европска одбојка.
Тој на натпреварот против Данска, кој го добија Полјаците со 3:0 во сетови, имаше сервис од дури 138 километри на час. Вилфредо Леон за првпат имаше сервис од 138 км/ч на 20 октомври 2020 година.
Полска го освои првото место во групата „Ц“, додека Данска го завршува континенталниот собир со пет порази.
