Управниот суд ја отфрли тужбата на СДСМ
23.05.2014 15:13
Сега се чека ставот на СДСМ. Деновиве генералниот секретар на партијата, Спасовски, веќе изјави дека сите пратеници ги депонирале оставките до партиската централа...

Управниот суд ја отфрли тужбата на СДСМ, со која се бараше времена мерка, стопирање на решенијата што ги изготвува Собранието за 34 -те пратеници на опозицијата.
За тужбата, поднесена пред една недела, судот ја донесе одлуката во крајниот рок од законски предвидените седум дена.
Сега се чека ставот на СДСМ. Деновиве генералниот секретар на партијата, Спасовски, веќе изјави дека сите пратеници ги депонирале оставките до партиската централа.
