Изложба на дигитална графика на Љубиша Камењаров во КИЦ
Во Културно-информативниот центар-Скопје, вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на дигитална графика и инсталација од Љубиша Камењаров под наслов „Крајбрежјево“...

Во Културно-информативниот центар-Скопје, вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на дигитална графика и инсталација од Љубиша Камењаров под наслов „Крајбрежјево“. Почетната замисла потекнува од лично видување за единственоста на личноста наспроти опкружувањето и човековата збирна множина.
Насловот ги покажува алегоријата и преносното значење, каде што водата и брегот се сонот и јавето, односно секојдневните желби наспроти тековните фактички состојби со кои се сретнуваме. Оваа, да речеме, идејна федерација,делумно е инспирирани од теориите и толкувањата за улогата на уметниците и самата ликовна уметност во општеството, велат од КИЦ за изложбата.
Љубиша Камењаров дипломирал на одделот вајарство на ФЛУ-Скопје во 2004 година. Од 2007, како член на уметничка група, учествувал во различни уметнички перформанси. Имал и самостојни изложби, а зел учество на ликовни колонии и на групни изложби.
Изложбата ќе трае до 19 септември.
Фото:/ КИЦ
