Анкетна комисија ќе утврдува дали има политичка одговорност за функционери поврзани со случајот за Онкологија
Јавното обвинителство сè уште ги испитува наводите за евентуално сторени кривични дела, поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија...

Јавното обвинителство сè уште ги испитува наводите за евентуално сторени кривични дела, поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија.
Собраниска анкетна комисија ќе утврдува евентуална политичка одговорност за функционерите поврзани со скандалот на Онкологија.
Власта и опозицијата едногласни за барањето на ВМРО-ДПМНЕ. Надзорното тело ќе треба да даде одговори по обвинувањата дека наместо потребната терапија, пациентите добивале само физиолошки раствор.
На седница ќе се разгледа и конечниот ревизорски извештај за работата на Онкологија. Од Лекарската комора велат дека го почитуваат правото на протест на сите граѓани, но истовремено ги осудуваат обидите сите доктори да се стават во ист кош како виновници.
Ниту еден пациент не смее да биде оставен без терапијата што му следува и во никој случај не смеат да се дозволат манипулации, со цел остварување на материјална корист од страна на поединци, се вели во дописот од Лекарската комора.
