Собрание
Собранието донесе одлуката за распишување оглас за избор на нов директор на ОТА
06.09.2023 10:11
Според Законот за ОТА, мандатот на директорот на Агенцијата трае пет години, без право на повторен избор. На актуелниот шеф, мандатот му завршува утре...

Собранието вчера донесе одлуката за распишување оглас за избор на нов директор на ОТА. На актуелниот шеф, мандатот му завршува утре.
Според Законот за ОТА, мандатот на директорот на Агенцијата трае пет години, без право на повторен избор.
Според важечкиот, кога нема легитимно избран директор, со институцијата не може да раководи друго лице, ниту да се пренесуваат надлежностите.
Актуелниот директор Ангеловски, предупредува, ако ситуацијата не се надмине, ќе се создаде правен вакуум во раководењето со институцијата.
