Култура

МНТ со „Лагата“ учествува на 31.издание на фестивалот „Ристо Шишков“

06.09.2023 10:25

Претставата е работена според текст на актуелниот француски писател Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска...

Македонски народен театар оваа година со претставата „ЛАГАТА“ ќе учествува на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

Претставата е работена според текст на актуелниот француски писател Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

„ЛАГАТА“ ќе се одигра на 12-ти септември со почеток во 20:00 на сцената во театарот „Антон Панов“, Струмица, а во чест на нашиот драг колега, соработник и пред сè голем пријател – Крсте С. Џидров.

Џиби, како што го нарекувавме во театарскиот свет. Тој од 1984 до 2022 е автор на сценографии за 12 претстави во МНТ, а токму претставата „ЛАГАТА“ е негова последна сценографска креација во овој театар