Тенис

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен

06.09.2023 11:06

По 13-ти пат во кариерата, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен, а воедно и по 47. пат помеѓу најдобрите четири на грен-слем турнирите...

По 13-ти пат во кариерата, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен, а воедно и по 47. пат помеѓу најдобрите четири на грен-слем турнирите, надминувајќи го Рожер Федерер.

Новак Ѓоковиќ го победи Тејлор Фриц во три сета со 6:1, 6:4 и 6:4 и така се пласираше во полуфиналето на УС Опен, а како што и е вообичаено на неговите натпревари трибините беа исполнети.