Руско-Украински конфликт

Продолжуваат нападите

06.09.2023 12:17

Руски напад со дронови на пристаништето Измаил на Дунав. Руската противвоздушна одбрана уништи украинско беспилотно летало над Брјанск...

Американскиот државен секретар Антони Блинкен пристигна во ненајавена посета на главниот град на Украина. Руски напад со дронови на пристаништето Измаил на Дунав. Едно лице загина, оштетена е инфраструктурата – соопштија властите на оваа област во Одеса.

Руската противвоздушна одбрана уништи украинско беспилотно летало над Брјанск. Киев го отфрли предлогот на Турција да го ублажи ставот за да се реактивира договорот за житото.

Паравојската „Вагнер“ ќе биде прогласена за терористичка организација – соопшти британското МВР.