Периодов, полесно до кредит

23.05.2014 16:47

Банките одобриле 7,1% повеќе кредити во април годинава во споредба со истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Банкарите потврдуваат дека наплатата оди полесно годинава и тоа давало оптимизам да се одобруваат повеќе кредити. Според нив,охрабрувачките прогнози за економскиот раст се клучни за забрзување на кредитната активност.

„Кредитирањето расте затоа што прогнозите за обнова на економскиот раст во Македонија и во еврозоната се позитивни., постои заемна врска меѓу растот на кредитирањето и растот на БДП, и оттука очекувам забрзување на кредитирањето“, Глигор Бишѓев, претседател на УО на „Шпаркасе банка“

Во првиот квартал од годинава е нотиран позасилен кредитен раст и во делот на стопанството, што значи дека банките се подготвени да го поддржат и бизнис секторот.

„Во првиот квартал имаме зголемена кредитна активност од страна на комерцијалните банки за 5% во делто на стопанството. После неколку години, имаме охрабрувачки и позитивен тренд што се однесува на компаниите и на стопанството. Во моментов, рано е да се каже каков е ефектот од зголеменото кредитирање, но обс на среден и на долг рок ќе даде позитивни резултати, и ефектите ќе се почувствуваат до крајот на годинава“ , Митко Алексов, извршен директор на ССК

 Според прогнозите на Народната банка, кредитирањето годинава ќе се зголеми од 7-8%. Банкарскиот систем бележи висока стапка на адекватност на капиталот и постепено намалување на лошите кредити.

Соња Јованова Наумовска