Одбојкарите вечерва против Чешка бираат осминафинален противник
Македонските одбојкари веќе обезбедија место во осминафиналето, но сакаат да остварат што подобар пласман и евентуално да ја избегнат силната Италија во нокаут-фазата...

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ македонската одбојкарска репрезентација игра решавачки натпревар во борбата за третото место во групата Ц на Европското првенство 2023 на кое домаќин е и Скопје.
Македонските одбојкари веќе обезбедија место во осминафиналето, но сакаат да остварат што подобар пласман и евентуално да ја избегнат силната Италија во нокаут-фазата.
Нашата група Ц во осминафиналето спарува со групата А, каде откако синоќа Србија ја совлада Германија ѝ заврши работа на Италија. „Аѕурите“ и математички сега се први, без разлика на нивниот денешпен дуел против Германците.
