Конференција за безбедност во Дојран
Решавање на отворените билатерални прашања на земјите од Западен Балкан за минимизирање на безбедносниот ризик од руско-украинскиот конфликт. Вака порачаа професори од Балканот на Конференцијата во Дојран кои сметаат дека се поголемо е влијанието од актери од незападните демократии...

Руско-украинскиот конфликт предизвика тектонски поместувања при што земјите од Западен Балкан се изложени на безбедносен ризик. Вака констатираа универзитетски професори од Балканот на Конференцијата за мир и безбедност што се одржува во Дојран. Според професорот Марјан Ѓуровски се поголемо е влијанието на актери кои не припаѓаат западниот блок на демократии.
Решавање на билатералните отворени прашања на земјите од Западен Балкан ќе придонесе до минимизирање на безбедносниот ризик, смета професорот Драган Ѓукановиќ од Србија.
„Јас сум оптимист дека во наредниот период ќе дојде до нова динамика на односите меѓу Белград и Приштина и дека по усвојувањето на уставните измени во Собранието на Македонија и тој процес биде деблокиран. Македонија навистина неправедно долго чека на европски интеграции и доста време беше блокирана и време е тој процес за членство во Европската унија конечно отпочне“, изјави Драган Ѓукановиќ, професор по политички студии во Белград.
Конференцијата во Дојран има за цел преку научни трудови да се поттикне соработката меѓу земјите од Западен Балкан со цел да се зајакне безбедноста. Истата е во организација на Институтот за безбедност и мир при Филозофскиот факултет на УКИМ.
Ване Трајков
