Кривична за 21-годишен германски државјанин кој го вееше знамето на „Голема Албанија“ во Тетово
Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово го расчисти кривично-правниот настан кој се случи на 11.08.2023 на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“...

Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово го расчисти кривично-правниот настан кој се случи на 11.08.2023 на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по чл. 319 од КЗ.
По преземени оперативно тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело, А.М.(21), кој е германски државјанин.
Во координација со ОЈО Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од КЗ до надлежното обвинителство за натамошно постапување, соопштуваат од МВР.
