Кошарка

Германските кошаркари со победа против Летонија

06.09.2023 14:03

Германските кошаркари триумфираа против Летонија со 81-79 за пласман во полуфинале на Светското првенство, каде што ќе се соочат против САД...

Германските кошаркари триумфираа против Летонија со 81-79 за пласман во полуфинале на Светското првенство, каде што ќе се соочат против САД.

Летонија имаше одличен старт и водство од 13-3 на средината на првата четвртина, но набрзо Германија влезе во серија и намали на 13-16. Германија играше подобро во втората четвртина, каде што направи пресврт и на полувреме замина со 36-34.

Возбудувањата продолжија и во второто полувреме, каде што Германија не успеа да избега и Летонија го следеше нејзиниот чекор (59-62) во третата четвртина. Најефикасен во Германија беше Вагнер со 16 поени, додека на спротивната страна Жаргас постигна 24 поени.

Германија конечно исчекор кон победата направи на стартот на последните 10 минути кога поведе со 74-60, а Летонија се разигра дури во финишот, но немаше сила за пресврт.