Блинкен во ненајавена посета на Киев
Американскиот државен секретар Блинкен во ненајавена посета на Киев. Руски напад со дронови на пристаништето „Измаил“ на Дунав. Едно лице загина, оштетена е инфраструктура. Руската противвоздушна одбрана уништи украинско беспилотно летало над Брјанск. Британија соопшти дека паравојската „Вагнер“ ќе биде прогласена за терористичка организација...

Американскиот државен секретар Блинкен во ненајавена посета на Киев на средби со клучни официјални лица на Украина, меѓу ниви претседателот Зеленски и министерот за надворешни работи Кулеба.
„Ова сведочи за квалитетот на личниот однос, и за односот меѓу нашите земји. Очекувам продуктивен разговор, кој ќе донесе резултати“, изјави Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина.
„Јас сум со Украина од почетокот на руската агресија во февруари 2022 година. Секој пат кога сум тука, ме погодува извонредната храброст и издржливост на украинскиот народ и украинските сили, тука сме да ја покажеме постојаната и решителна поддршка за Украина додека се справува со оваа агресија. Видовме добар напредок во контраофанзивата. Тоа сакаме да се увериме дека Украина го има она што и треба“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
Се очекува Блинкен да објави ново финансирање за Украина.
Во меѓувреме, руски воени вежби во Белорусија чии приоритети вклучуваат одговор на вонредни ситуации.
„Нашата главна сила е што сме обединети. Правиме вежби и размислуваме сите заедно – тоа е многу важно. И овие вежби го покажуваат токму тоа“, изјави Александар Куренков, министер за вонредни ситуации на Русија.
Белорусија рече дека вежбите имаат за цел подготвување за заеднички операции, вклучително и одговор на нуклеарна несреќа.
Британија соопшти дека паравојската „Вагнер“ ќе биде прогласена за терористичка организација. За Кремљ во пак групата Вагнер не постои како правен субјект.
„Нема што да се коментира за означувањето на групата Вагнер од Велика Британија како терористичка организација. Овде можеме само да додадеме дека де јуре таква група не постои“, изјави Говори Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
Продолжуваат битките на терен. Руски напад со дронови на пристаништето Измаил на Дунав. Едно лице загина, оштетена е инфраструктура. Руската противвоздушна одбрана уништи украинско беспилотно летало над Брјанск.
Марина Ристова
