Бразил
Десетици загинати во тропски циклон во Бразил
06.09.2023 14:49
Над 20 лица загинаа како последица на тропскиот циклон што го зафати јужниот дел на Бразил...

Над 20 лица загинаа како последица на тропскиот циклон што го зафати јужниот дел на Бразил.
Прогласена е вонредна состојба во повеќе од 20 градови, а 15.000 луѓе се евакуирани.
Циклонот предизвикал поплави и лизгање земјиште. Погодени се 60 градови. Реки се излеаја, а операциите за пребарување и спасување се отежнати.
