Партии

Реакции на опозицијата и власта за случајот „Онкологија“

06.09.2023 14:54

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се формира анкетната комисија за случајот „Онкологија“. И со златно знаме да ги донесат измените на кривичниот законик, секој што сторил криминал ќе одговара, вели Мицкоски. Одговорност ќе има, никој нема да биде заштитен, став на СДСМ...

Власта се прпелка и не презема ништо да се расветли случајот на „Онкологија“ – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Посочи дека партијата веќе поднела неколку иницијативи како што е формирање на анкетна комисија во Собранието, но вели тој власта се плаши од соочување со вистината. Мицкоски изрази сомневање дека во скандалот на „Онкологија“ , се вклучени или во најмала рака учесниците имале поддршка од високи функционери.

Од Социјалдемократскиот сојуз категорични, одговорност за случајот „Онкологија“ ќе има за сите инволвирани.

Власта апелира да не се политизира и да не се злоупотребува случајот. Опозицијата пак одговара-какви и да има измени во кривичниот законик, одговорност ќе има.

 

Марина Стојанова Тонева