Состанок на работната група за пензиите
Во Министерството за труд и социјална политика прв состанок на работната група за пензиите. На маса сите предлози. Пензионерите не отстапуваат-линеарно зголемување од 3.500 денари и изедначување на минималната пензија со минималецот...

Стартуваа активностите поврзани со решавање проблемите на пензионерите, кои повеќе од еден месец протестираат во повеќе градови во земјава. Прашањата кои се однесуваат на пензионерскиот стандард ќе ги решаваат претставници од неколку министерствата, од ПИОМ, Сојузот на пензионери, МАПАС и приватните пензиски друштва.
Како што соопштија од МТСП, ќе се работи на носење на соодветни социјални мерки за пензионерите со ниски пензии, а потоа ќе се пристапи кон ново законско решение за минимална пензија или измени на постојното. За ова се согласиле на Работната група за разгледување на предлози за прашањето за најниската пензија и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите.
Министерката Тренчевска нагласила дека е многу важно при носењето на предлог-мерките и законското решение за пензиско осигурување или негови измени, да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем и пензиите да продолжат да се исплаќаат навремено и редовно.
По средбата потпретседателот на пензионерите рече дека се разговарало за праведно и одржливо решение, кое нема да предизвика проблеми во финансирањето на Фондот на ПИОМ.
Пензионерите продолжуваат со протестите. Бараат минималната пензија да биде иста со минималецот и линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари.
Според најавите од МТСП, работната група којашто е формирана од Владата ќе се работи на измени или на ново законско решение за пензиското и инвалидско осигурување, за минимална пензија и социјални мерки за пензионерите со ниски пензии.
Игор Панов
