Презентиран Проектот на УНДП „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“
Министерот за правда Кренар Лога беше информиран од постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан за регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ кој е финансиран од Европската Унија...

Министерот за правда Кренар Лога беше информиран од постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан за регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Проектот започнал на 1 јануари 2023 година и ќе трае четири години. Со него се обезбедува експертиза и поддршка на судството и органите на прогонот во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово. Во Република Северна Македонија, проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите на правосудните органи и на активностите за подигање на свеста за справување со рецидивите од конфликтите и промовирање на помирувањето по пат на регрантирање на граѓанските организации.
На средбата се разговараше и за Стратегијата за развој на правосудството 2023-2027, законодавната агенда и состојбата во затворите.
