Невреме во Грција

МНР: Еден македонски државјанин се наоѓа во Волос на безбедна локација, да се избегнуваат загрозените подрачја

06.09.2023 16:00

Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел пружање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја.

Според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со 6-ти септември, еден македонски државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел, информираат од МНР. Апелираат сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја и останат на сигурно сè до евентуална евакуација.

Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел пружање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја.

На располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273-732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.

Министерството за надворешни работи изразува сочувство до семејствата на жртвите од големото невреме што ја зафатија Грција.