Се обновуваат оштетените делови од делницата Скопје-Тетово
Се рехабилитираат оштетените делови од автопатската делница Скопје – Тетово, инвестиција со вкупна вредност од преку 470 милиони денари...

Се рехабилитираат оштетените делови од автопатската делница Скопје – Тетово, инвестиција со вкупна вредност од преку 470 милиони денари, информираат од Министерството за транспорт и врски. Воедно се поставуваат и звучни бариери на делови од автопатот.
Увид денеска направија првиот вицепремиер Груби, министерот за транспорт Бочварски, заменик министерот Реџепи, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на ЈП за одржување на магистралните и регионални патишта, Костадин Ацевски. Истакнаа дека модернизацијата на коридорот 8 ќе донесе многу бенефити и позитивни импликации врз економскиот развој.
„Коридорот 8 се гради, стариот пат се рехабилитира, а новиот треба да започне со градежни активности на средината на септември. Во овој мандат ги заокружуваме најголемите проекти во инфраструктурата во државата“ – изјави Груби.
Министерот Бочварски истакна дека модернизација на коридорите 8 и 10-Д е стратешки приоритет на оваа Влада. Директорот Рустеми, пак, истакна дека оваа година имаат најобемна програма во изградба и рехабилитација на патната мрежа во земјава.
