Почина нобеловецот по медицина со македонско потекло, Ферид Мурад
Роден е во Индијана, неговиот татко бил доселеник од Гостивар, а мајка му Американка. Гостиварската болница го носи неговото име..

На 87 години почина нобеловецот по медицина Ферид Мурад, кој во 1998-та година ја доби Нобеловата награда за откривање на улогата на азотниот оксид во кардиоваскуларниот систем.
Како професор по медицина и здравствени науки во универзитетот „Џорџ Вашингтон“, Мурад добил и многу други награди, меѓу кои: „Алберт и Мари Ласкер“ за основни медицински истражувања, „Циба“ од Американското друштво за срце и наградата „Бахтер“ за истражувања во биомедицинските науки.
Тој беше член на повеќе меѓународни здруженија и асоцијации. Има објавено повеќе книги и статии во реномирани светски списанија.
Роден е во Индијана, неговиот татко бил доселеник од Гостивар, а мајка му Американка. Гостиварската болница го носи неговото име, а беше почесен доктор за науки на Државниот универзитет во Тетово.
