На 12-ти септември ќе почнат градежните активности на коридорот 8, уверува Груби
Јавноста прашуваше кога, вицепремиерот Груби обелодени. На 12-ти септември ќе почнат градежните активности на коридорот 8. Тој со министерот Бочварски направија обиколка на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар. Сепак, ни збор нема кога ќе биде завршена делницата Кичево-Охрид и Скопје-Велес. Граѓаните плаќаат патарина за автопат којшто не ги исполнува меѓународните услови…

Министрите Груби и Бочварски како и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска во инспекциски надзор на рехабилитацијата на дел од коридорот 8. Се пофалија дека се работи во секој дел од државата.
Но, досега нема никакви активности за почеток на градежните активности на новиот дел од коридорот 8, иако веќе се поставија темелите за градба во два наврати.
Вицепремиерот Груби овој пат со уверување дека 12-ти септември ќе биде датумот кога ќе се започна со градење на коридорот 8, но локацијата нема да биде на автопатот Тетово-Гостивар како што беше претходно најавено, туку над гостиварското село Дебреше.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се работи на повеќе локации каде поминуваат коридорите 8 и 10-Д, вклучувајќи го и автопатот Кичево-Охрид, проект кој дали ќе се заврши до 2024-та како што беше најавено, не потврди.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми најави и обиколница за град Тетово, сè со цел да се растовари метежот во градот. Во завршна фаза е, како што рече, изборот на фирма, која ќе ја гради обиколницата.
Зоран Димовски
