Велосипедизам

Етапата за Канола, без промени во генерален пласман

23.05.2014 17:48

На Џиро Д,Италија се возеше 13-та етапа од Фосано до Ривалоро во должина од 157 километри, последната „равничарска“, која заврши со победа на италијанскиот велосипедист Марко Канола.

Тој беше најбрз во спринтот на  тројца велосипедисти кои и „побегнаа“ на главната група и меѓу себе ја биеја битката за етапна победа. Втор на целта мина  Џексон Родригез од Венецуела, а трет Французинот Анџело Тулик. Со десетина секунди задоцнување пристигна главната група.На Канела ова му беше  прва  етапна победа во кариерата во гранд-тур трките. Во генерален пласман во розевата маичка ја сочува Колумбиецот Ригоберто Уран со 37 секунди предност пред Австралиецот Кадел Еванс. Утрешната 14-та  етапа која ќе се вози од Аљие до Оропа, ќе  има неколку  ридски цели и ќе е со многу поголеми искушенија за учесниците на годинешниов „Џиро“.