Утре истекува мандатот на директорот на ОТА
Вчера Собранието со 83 гласа „за“ донесе одлука за распишување оглас за нов директор на ОТА, а од делегацијата на ЕУ побараа властите да обезбедат континуитет во работењето на Агенцијата.
Актуелниот директор на Оперативно-техничката агенција Зоран Ангеловски, чијшто мандат завршува утре, прво ги повика медиумите на прес пред Собранието, но од неговиот кабинет стигна соопштение дека пресот се откажува на неопределено време поради неодложни обврски на Ангеловски.
Вчера Собранието со 83 гласа „за“ донесе одлука за распишување оглас за нов директор на ОТА, а од делегацијата на ЕУ побараа властите да обезбедат континуитет во работењето на Агенцијата.
Сега се поставува прашањето кој и како од петок ќе управува со институцијата кај која е опремата за следење на комуникациите и каде што се активираат судските наредби за оваа посебна истражна мерка.
Петгодишниот мандат на Ангеловски, според законот за ОТА, е без право на реизбор.
