Македонија

Претрес во Мирковци, пронајдена автоматска пушка

06.09.2023 18:10

При претресот пронајдена е автоматска пушка. З.З. е лишен од слобода и по документирање на случајот...

Денеска полициски службеници од СВР Скопје- Единица за насилен криминал, по добиена судска наредба, извршија претрес во дом на З.З. (55) во с. Мирковци, скопско.

При претресот пронајдена е автоматска пушка. З.З. е лишен од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР.